+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Социјална заштита на деца, млади и возрасни лица, 2017

 


Статистичкиот преглед број 2.4.18.10/901 со периодика 2017 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед 2.4.17.11/884 со периодика 2016 година.

Публикацијата содржи податоци за правата од социјална заштита на малолетни и на полнолетни корисници во 2016 година; податоци за установите за сместување на деца и млади без родители и родителска грижа; за установите за згрижување лица со пречки во менталниот и во телесниот развој; установите за згрижување и деца и млади со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение; за установите - домови за возрасни лица; за трговски друштва за вработување инвалиди, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.

Во него се презентирани и податоци за додатоците за деца во 2017 година, како и податоци за родителските додатоци за дете за 2017 година .

Државниот завод за статистика вложува напори, со проширување на содржината на обрасците, да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога на корисниците да им ги даде основните податоци за организациите за социјална заштита на децата, младите и возрасните лица и за домовите за ученици-студенти.

Оценките и предлозите на корисниците ќе ги примиме со голема благодарност.


           
Датум на издавање: 05.10.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата 2.58MB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 50
ISBN: 978-608-227-309-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика