Запишани студенти на додипломски студии,
2017/2018
Државниот завод за статистика во овој статистички преглед презентира податоци за запишаните студенти на факултетите и високите стручни школи во наставната 2017/2018 година, како и податоци за запишаните студенти во периодот од 1973/74 до 2017/2018 година. Во публикацијата е презентиран и дел за наставниот персонал (наставници и соработници) на факултетите и високите стручни школи во учебната 2017/2018 година. Податоците се добиени врз основа на добиените извештаи од спроведените редовни годишни истражувања за запишани студенти и за наставниот персонал на факултетите и високите стручни школи. Со обработката на извештаите се добиени агрегирани податоци за повеќе белези, и тоа: - за запишаните студенти: годините на студирање на студентите, претходно завршената школска подготовка, возраста, изјаснувањето за припадноста кон етничка заедница и државјанството, местото на постојано живеење итн. - за наставниот персонал: полот, возраста, припадноста кон етничка заедница, научните квалификации и траењето на работното време.
Датум на издавање: |
26.09.2018 |
PDF: |
Преземи ја публикацијата
1.9Mb
|
Excel: |
Преземи табели
|
|
Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот |
Број на страници: |
191 |
ISBN: |
978-608-227-310-5 |
ISSN: |
|
Јазик: |
македонски и англиски |
Цена во печатена форма:
|
Публикации
© Државен завод за статистика