+A   |  -A
ппп: 8419 | ввв: 622421
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Анкета за приходи и услови за живеење, 2016

 


Државниот завод за статистика за седми пат во 2016 го спроведе истражувањето Анкета за приходи и услови за живеење 2016 кое претставува извор на податоци за сиромаштија и социјална исклученост.

Статистиките на приходи и услови на живеење претставуваат инструмент за претставување на споредливи податоци за приходите, сиромаштијата, социјалната исклученост и условите за живеење. Социјалната исклученост и условите за живеење се следат на ниво на домаќинства, а вработеноста, образованието и здравствените податоци се следат на ниво на поединци, односно лица на возраст над 16 години.

Анкетата е основа за пресметување на структурните индикатори за споредбена анализа на ниво на Европската унија, како и за пресметување на прераспределбата на приходите и манифестацијата на сиромаштијата и социјалната исклученост.

Следејќи ги препораките на Европскиот статистички систем, Државниот завод за статистика, во 2009 година за првпат го спроведе истражувањето како пилот, а од 2010 година продолжи со спроведувањето како редовна анкета предвидена во Програмата за работа на Државниот завод за статистика.

Се надеваме дека податоците од ова истражување ќе им овозможат на корисниците натамошни проучувања и креирање на политики во оваа област.


           
Датум на издавање: 26.12.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.19 MB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 38
ISBN: 978-608-227-290-0
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика