+A   |  -A
ппп: 554 | ввв: 187947
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Бруто-домашен производ, 2015

 


Почитувани корисници,


Овој статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки.
Податоците во оваа публикација се дадени за серијата 2013-2015 година.


Содржината на публикацијата е презентирана во пет дела.


Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи, а во другите делови се
прикажани табели со соодветна ознака: Серија М - Макроекономски табели, во кои се презентирани
макроекономски податоци; Серија П – Производство на стоки и услуги, која содржи податоци за БДП
пресметан според производниот метод; Серија Д – Создавање доход, со податоци за доходовните
компоненти на БДП пресметан според доходовниот метод; Серија Т – Употреба на стоки и услуги, која
содржи податоци за трошочните компоненти на БДП пресметан според трошочниот метод и табели во
кои се прикажуваат подетални податоци за инвестициите во основни средства.


Сакаме да напоменеме дека подетални податоци за основните категории на БДП, вклучувајќи ги
и инвестициите во основни средства, се наоѓаат во базата на податоци МакСтат на веб-страницата на
Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk).


Државниот завод за статистика и натаму ќе продолжи со имплементирање на методите и
дефинициите за националните сметки што се воведуваат во Европскиот статистички систем со цел
подобрување и збогатување на податоците што ги продуцира, а, пред сè, споредливост со другите земји
во Европа и во светот.


Сите забелешки и предлози во функција на подобрување на содржината на публикацијата ќе бидат
прифатени со задоволство.



           
Датум на издавање: 31.10.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 58
ISBN: 978-608-227-285-6
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика