+A   |  -A
ппп: 516 | ввв: 162139
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Стоковна размена на Република Македонија со странство, 2015

 


Почитувани корисници,


Публикацијата „Стоковна размена на Република Македонија со странство“ е редовна годишна публикација што се
подготвува во Државниот завод за статистика. Оваа публикација се однесува на движењето на стоковната размена со странство во 2015 година.


Државниот завод за статистика ги применува основните статистички стандарди, дефиниции и препораки на статистичката служба на ООН, хармонизирани со стандардите, дефинициите и препораките на статистичкиот уред на Европската унија - Евростат за следењето и обработката на стоковната размена со странство, со што е овозможена меѓународна споредливост на податоците. Особено висок степен на хармонизација е постигнат со воведувањето на Единствениот царински документ, примената на методолошките правила што се однесуваат на единицата, времето и територијата на набљудување, земјата- партнер, евиденцијата на вредноста и количествата, како и во примената на меѓународните класификации и номенклатури како што се: Стандардната меѓународна трговска класификација – СМТК, 4-та ревизија, Номенклатурата на земји според ISOCode Alpha-2.


Очекуваме дека податоците во публикацијата и начинот на нивната презентација на корисниците ќе им овозможат да ја анализираат состојбата во надворешнотрговската размена на Република Македонија на полесен начин.


Сите забелешки и сугестии од корисниците на податоците се добредојдени.



           
Датум на издавање: 29.09.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата 788KB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 110
ISBN: 978-608-227-277-1
ISSN: 1409-8342
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика