+A   |  -A
ппп: 623 | ввв: 194708
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Запишани студенти на додипломски студии, 2016/2017

 


Државниот завод за статистика во овој статистички преглед презентира податоци за запишаните студенти на
факултетите и високите стручни школи во наставната 2016/2017 година, како и податоци за запишаните студенти
во периодот од 1972/73 до 2016/2017 година.
Во публикацијата е презентиран и дел за наставниот персонал (наставници и соработници) на факултетите
и високите стручни школи во учебната 2016/2017 година.
Податоците се добиени врз основа на добиените извештаи од спроведените редовни годишни истражувања
за запишани студенти и за наставниот персонал на факултетите и високите стручни школи. Со обработката на
извештаите се добиени агрегирани податоци за повеќе белези и тоа:
- за запишаните студенти: годините на студирање на студентите, претходно завршената школска подготовка,
возраста, изјаснувањето за припадност кон етничка заедница и државјанството, местото на постојано живеење
итн.
- за наставниот персонал: пол - возраста, припадноста кон етничка заедница, научните квалификации и
траењето на работното време
Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата основна улога и на
корисниците ќе им понуди податоци за идни анализи и планирања.


           
Датум на издавање: 28.09.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата 1.31Mb
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 191
ISBN: 978-608-227-276-4
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика