+A   |  -A
ппп: 574 | ввв: 194629
Skip Navigation LinksНасловна Публикации Публикација


Регионите во Република Македонија, 2017

 


Запознајте ја Република Македонија на регионалнo и на локално ниво преку статистичките податоци што се однесуваат на населението, но и на географските, социоекономските, културните, просторните и сообраќајните услови и содржини.
Ова осмо издание на „Регионите во Република Македонија, 2017 година“, коешто ги прикажува осумте неадминистративни региони во државата поделени според Номенклатурата НТЕС (Номенклатура на територијални единици за статистика), усогласена со европската регулатива, дава одговор на вашите прашања преку табели, графикони, мапи и коментари.
Податоците во публикацијата се од голема важност и се користат за планирање и водење на регионалната и локалната политика во Република Македонија.
Во таа смисла, обработените податоци се основа за преземање на активности и мерки за намалување на разликите во природните, економските, демографските, како и социјалните и инфраструктурните карактеристики на територијалните статистички единици во државата.
Упатувајќи на користење на оваа публикација, Државниот завод за статистика (МАКСТАТ) повратно ги очекува вашите коментари, предлози и сугестии во насока на збогатување на нејзината содржина, а со тоа и зголемување на нејзината вредност и полезност за сите нејзини корисници.


           
Датум на издавање: 20.06.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата 15.1 Mb
     
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 131
ISBN:
ISSN: 1857-6141
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика