+A   |  -A
ппп: 306 | ввв: 101836


Научна и истражувачко-развојна дејност, 2015

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци од областа на истражувачко- развојната дејност во Република Македонија за 2015 година.

Истражувањето се спроведува со годишна периодика.

За првпат во 1998 година, методологијата за ова истражување е променета и е приспособена кон меѓународните дефиниции и стандарди, во согласност со упатството Frascati. Во 2016 година повторно се направени промени во методологијата на ова истражување со цел усогласување со упатството Frascati 2002.

Промените што се извршени во истражувањето беа неопходни заради систематскиот развој на истражувањата и усогласувањето со методологијата на OECD - упатството Frascati 2002, сè со цел обезбедување на податоци со поголема меѓународна споредливост.

Податоците се прикажани на ниво на државата, врз основа на статистичка анализа на добиените годишни извештаи собрани од деловните субјекти кои извршувале истражувачко-развојна дејност во Република Македонија во календарската 2015 година.

Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата функција и дека на корисниците ќе им даде доволно детални статистички информации од областа на истражувачко-развојната дејност.

Почитувани корисници, сите евентуални забелешки, предлози и сугестии за подобрување на изданието, Државниот завод за статистика ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 28.12.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата 517KB
Excel:    Преземи табели  
  Податоците во објавенaтa публикација се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот
Број на страници: 45
ISBN: 978-608-227-253-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски

 
                                    


Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации
  
 




© Државен завод за статистика