+A   |  -A
ппп: 584 | ввв: 169152
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Училишен простор во основните и средните училишта, 2016 година, 2016

 


Во публикацијата се презентирани резултатите од Пописот на училишниот простор во основните и во средните училишта во Република Македонија, кој за првпат е спроведен по електронски пат во 2016 година.


Податоците се однесуваат на состојбата од 7 до 11 март 2016 година.


Цел на Пописот е да се добијат податоци за училишниот простор во Република Македонија кој го користат основните и средните училишта, големината на тој простор, неговата оптовареност со ученици, градежните карактеристики на зградите, колку и кои видови училишта имаат опремени простории за општа намена и специјализирани наставни простории, за бројот на кабинетите, лабораториите, училишните работилници, за просториите за физичко воспитување, како и податоци за училишното земјиште и неговото користење.


Податоците се прикажани во два дела: првиот дел ги прикажува податоците од аспект на реалниот училишен простор кој постои во Република Македонија, додека вториот дел ги прикажува податоците за училишниот простор од аспект на неговото користење од страна на основните и средни училишта.


Очекуваме дека публикацијата на корисниците ќе им даде неопходни информации за анализи, планирања и подготовка на научни трудови за училишниот простор во земјата.



           
Датум на издавање: 02.05.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 110
ISBN: 978-608-227-257-3
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика