+A   |  -A
ппп: 528 | ввв: 187800
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


25 години НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА,

 


Државниот завод за статистика со оваа публикација се придружува кон
прославувањето на 25-годишнината на независна Република Македонија,
во којашто преку бројки се отсликува периодот полн со промени, подеми
и предизвици, голем ентузијазам и желба за напредок на сите полиња на
општествено-политичкиот и економскиот живот на земјата.
Чекорејќи кон европското семејство на статистичари, Државниот
завод за статистика во овој период помина низ големи трансформации
- во примената на нови методологии, употребата на нови технологии,
нови начини за презентирање и достапност на податоците, сѐ со цел на
корисниците и на носителите на одлуки во општеството да им се дадат
навремени, точни, квалитетни, релевантни и споредливи податоци. И сето
тоа со релативно мал број на вработени, посветени кон осигурувањето
на зацртаните цели чијшто придонес и заслуга е денешната македонска
статистика - огледало на целокупниот живот во Република Македонија.
Со задоволство ја препорачуваме за користење оваа јубилејна
публикација, надевајќи се дека ќе ги задоволи интересите на корисниците
и очекувајќи повратни коментари, предлози, сугестии и забелешки што ќе
ни помогнат секоја наредна публикација да биде сѐ подобра.


           
Датум на издавање: 07.09.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  5.8Mb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 43
ISBN: 978-608-227-239-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика