+A   |  -A
ппп: 860 | ввв: 200271
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Статистички албум на Република Македонија, 1991-2016

 


Оваа публикација е специјално издание по повод одбележувањето на 25 години на Државниот завод за статистика во самостојна Република Македонија.
Определувајќи се за графичко прикажување на основните резултати и тенденции на нашиот општествено - економски развој во периодот од осамостојувањето во 1991 до 2016 година, Државниот завод за статистика настојува бројните, досега објавени информации, карактеристични за одделни етапи од развојот на поважните области од општествениот и стопанскиот живот, да ги прикаже сликовито и популарно, така што да бидат достапни, разбирливи и поинтересни за поширокиот круг на корисници. Во таа смисла е прилагоден и изборот и систематизацијата на материјалот.
Во оваа публикација, прва од ваков вид во издание на Државниот завод за статистика во самостојна Македонија, е применет вообичаениот редослед на прикажување на одделни области.
Идејата за публикацијата, изборот на податоците и графичките решенија во целост се дело на Државниот завод за статистика со што се приклучуваме кон одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на самостојна Република Македонија.



           
Датум на издавање: 01.08.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  13.3Mb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 41
ISBN: 978-608-227-237-5
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика