+A   |  -A
ппп: 949 | ввв: 200621
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Типологија и структура на замјоделските стопанства, 2013

 


Почитувани корисници,
Пред вас е публикацијата „Типологија и структура на земјоделските стопанства“ во која се содржани податоци за индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти, нивната класификација според типот на производството, класите на економска големина и стандардната вредност на производството. Ова е прво издание во кое се објавени податоци за Типологијата на земјоделските стопанства и дефинитивните податоци од структурното истражување за земјоделските стопанства кои како претходни податоци беа објавени во мај 2014 година.

Податоците користени за пресметка на типологијата на земјоделските стопанства, како и за економската големина на стопанствата, се добиени од спроведеното истражување Структура на земјоделските стопанства во 2013 година што Државниот завод за статистика го спроведе со финансиска помош од претпристапните фондови на Европската унија во рамките на проектот ИПА 2011.

Државниот завод за статистика континуирано ги следи препораките и регулативите на Европската комисија и Евростат и во таа насока се стреми целосно да ги хармонизира статистиките со земјите-членки на Европската унија. Податоците од ова истражување се во согласност со Регулативата 1166/2008 на Европската комисија за Структурното истражување на земјоделските стопанства, како и Регулативата 1242/2008 на Европската комисија за Типологија на земјоделските стопанства.

Спроведеното истражување Структура на земјоделските стопанства овозможи прибирање на огромен број на податоци за оваа област, а во публикацијата се претставени детални статистички податоци за земјоделската активност, бројот на земјоделските стопанства и голем број на индикатори презентирани на ниво на региони, како и според типот на производството и класите на економска големина.


           
Датум на издавање: 09.04.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата  7.03MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 131
ISBN: 978-608-227-171-2
ISSN: 1857-520X
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика