+A   |  -A
ппп: 611 | ввв: 169233
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Структура на земјоделските стопанства, 2013

 


Почитувани корисници,

Ви го претставуваме првото издание на публикацијата Структура на земјоделските стопанства во која се содржани претходни податоци добиени од спроведеното истражување во 2013 година. Државниот завод за статистика континуирано ги следи препораките и регулативите на Европската комисија и Евростат и во таа насока се стреми целосно да ги хармонизира статистиките со земјите-членки на Европската унија. Податоците од ова истражување се во согласност со Регулативата 1166/2008 на Европската комисија.

Публикацијата е изработена со цел да се даде сеопфатен преглед на структурата на земјоделството во Република Македонија како и меѓународно споредливи податоци според кои може да се согледаат состојбите во македонското земјоделство во однос на земјите-членки на ЕУ, како и во однос на другите земји-кандидати.

Структурното истражување на земјоделските стопанства е спроведено со финансиска помош од претпристапните фондови на Европската унија во рамките на проектот ИПА 2011.

Публикацијата им нуди на корисниците доволно детални статистички податоци за земјоделската активност кои се однесуваат на 2013 година и споредба со податоците од Пописот на земјоделство, 2007 година, а кои ја отсликуваат состојбата на земјоделскиот сектор во Република Македонија.

Сите евентуални забелешки и предлози од страна на корисниците во функција на подобрување на содржината и квалитетот на публикацијата се добредојдени и ќе бидат прифатени со задоволство.


           
Датум на издавање: 02.06.2014
PDF:   Преземи ја публикацијата  4.79MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 78
ISBN: 978-608-227-138-5
ISSN: 1857-520X
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика