+A   |  -A
ппп: 654 | ввв: 173859
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Анкета за структура на заработувачката, 2014

 


Воспоставувањето на сеопфатен статистички информативен систем на пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.

Податоците за платите и останатите заработувачки, земени како приход на врaботените исплатен од страна на работадавачот се едни од основните статистички информации неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.

За да се обезбедат овие информации се спроведува Анкетата за структурата на заработувачките во Република Македонија.

Во публикацијата се објавени резултатите од оваа Анкета и се презентирани податоци за целокупните заработувачки на вработените исплатени од страна на работодавачот, поделени според индивидуалните белези на вработените и карактеристиките на деловниот субјект каде што лицата се вработени кои, според наша оценка, можат да поcлужат за анализа на одделни појави и прашања во областа на пазарот на трудот.

Содржината на публикацијата е презентирана во два дела:

Во првиот дел се содржани концепциските, методолошките и организациските основи на Анкетата за структурата на заработувачките. Целта е со методолошките објаснувања на некои поими и белези, за изворите на податоците и за опфатноста на истражувањето да се овозможи полесно и правилно користење на податоците содржани во оваа публикација.

Вториот дел ги содржи дефинитивните резултати од оваа Анкета, презентирани во табели.

Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата улога, на јавноста и на косрисниците да им овозможи согледување на основните податоци за вработените и за нивните плати и целокупни заработувачки за определениот период.

Евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието, Заводот ќе ги прими со благодарност.


           
Датум на издавање: 31.05.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.38MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 68
ISBN: 978-608-227-228-3
ISSN: 1409-8997
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика