+A   |  -A
ппп: 628 | ввв: 217046
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


20 години НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА,

 


Државниот завод за статистика со оваа публикација се придружува кон прославувањето на 20-годишнината на независна Република Македонија - период кој за сите нас беше полн со промени, подеми и предизвици, голем ентузијазам и желба за напредок на сите полиња на општествено-политичкиот и економскиот живот на земјата.

Овој период и за Државниот завод за статистика беше бурен и исполнет со многу новини. Но, желбата за напредок и приклучување кон европските статистички текови нé водеше во нашата секојдневна работа и ни помогна да ги постигнуваме поставените цели. Поминавме период на големи трансформации, промени во методот на работење, промени во употребата на новите технологии, и сето тоа го постигнавме со релативно мал број на луѓе кои со својата посветеност на работата дадоа огромен придонес во она што денес е македонската статистика - огледало на целокупниот живот во државата.

Приклучувајќи се кон чествувањето на овој голем јубилеј, се обидовме преку бројки да го прикажеме патот што Република Македонија го изоде во последниве 20 години - бројки кои го отсликуваат минатото, но и бројки кои претставуваат основа за натамошниот успешен пат на независна Република Македонија.

Нека ни е честит 20-тиот роденден на независна Република Македонија!


           
Датум на издавање: 07.09.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата  4.65MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 43
ISBN: 978-608-227-043-2
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика