+A   |  -A
ппп: 576 | ввв: 183467
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Сточарство, 2015

 


Во статистичкиот преглед Сточарството во Република Македонија, 2015 год., се систематизирани ипрезентирани податоци за бројот на добитокот, живината и пчелните семејства, како и податоци за производствотона добиточни производи: млеко, месо, волна, јајца и мед. Податоците се прикажани на национално ниво и на нивона региони според Номенклатурата на територијалните единици за статистика, НТЕС, од 2013 година, посебно задвата сектора - индивидуалните земјоделски стопанства и деловните субјекти.

Методологијата, дефинициите и стандардите со кои се обезбедени и обработени прикажаните статистичкиподатоци од оваа област се во согласност со статистичката пракса во Република Македонија, како и со препоракитена Статистичката служба на Европската Унија - EUROSTAT и Светската организација за храна и земјоделство -FAO.

Како основа за спроведување на истражувањата од областа на сточарството во индивидуалниот сектор секористени податоците од Статистичкиот регистар на индивидуални земјоделски стопанства.

Содржината на статистичкиот преглед се состои од три дела, односно концептуални целини.

Во првиот дел се содржани појаснувања на основните методолошки концепти и дефиниции, во вториот делсе презентирани основни статистички податоци на национално ниво за периодот 2011-2015 година, а во третиотдел се презентирани подетални податоци на ниво на региони за двата производни сектора во земјоделството.

Државниот завод за статистика се надева дека овој Статистички преглед, издание од областа на сточарството,ќе ја исполни својата основна улога, на јавноста и на корисниците да им ги презентира основните податоци одобласта на сточарството.

Евентуалните забелешки и сугестии за подобрување на изданието Државниот завод за статистика ќе гиприми со благодарност.

Ова е последно издание на публикацијата „Сточарство“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.



           
Датум на издавање: 12.05.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.74MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 38
ISBN: 978-608-227-147-7
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика