+A   |  -A
ппп: 939 | ввв: 200555
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Капацитети за сместување во угостителството, состојба, 01.08.2010

 


Во оваа публикација се објавуваат податоците од истражувањето за капацитетите за сместување во угостителството, спроведено во 2010 година, со состојба на 31 август 2010 година, а во согласност со Програмата за статистички истражувања.

Истражувањето Капацитети за сместување во угостителството е спроведено во согласност со методолошките препораки на Светската туристичка организација и на Еуростат. Со истражувањето се опфатени поважните белези на објектите за сместување и придружните објекти и се опфатени најголемиот број објекти за сместување. Со ова истражување не се опфатени куќите, становите за одмор и собите за издавање.

Податоците во оваа публикација не се споредливи со податоците од истражувањето спроведено во 2005 година.

За првпат во 2008 година се воведе статистичко следење на објектите за сместување според бројот на ѕвездички. Категоризацијата на објектите со ѕвездички не може да се поврзе по автоматизам со категоризацијата со која претходно се следеа објектите и поради тоа има прекин во годишните серии на податоци.

Обработката на податоците е извршена на повеќе територијални нивоа, а во оваа публикација се објавени табели на ниво на Република Македонија, според видот на туристичките места и по региони.


           
Датум на издавање: 27.07.2011
PDF:   Преземи ја публикацијата  684KB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 59
ISBN: 978-608-227-035-7
ISSN: 0580-454X
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика