+A   |  -A
ппп: 556 | ввв: 183235
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Попис на капацитетите во угостителството, во Република Македонија, 2016

 


Во публикацијата Попис на капацитетите во угостителството во Република Македонија, 2016 година, се
прикажани дел од табелите во кои се обработени податоците од Пописот на капацитетите во угостителството.
Пописот е спроведен во согласност со Програмата за статистички истражувања за периодот 2013-2017 година.
Пописот на капацитетите во угостителството беше спроведен во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година
на целата територија на Република Македонија, со критичен момент 30 септември 2016 година.
Целта на Пописот беше да се обезбедат целосни податоци за бројот на угостителските објекти и за нивната
територијална разместеност, видот, категоријата, големината на прометот, големината на просторот и бројот на
вработените во угостителските објекти на територијата на Република Македонија.
Пописот на капацитетите во угостителството е хармонизиран со методолошките препораки на Евростат во
однос на содржината и белезите.
Податоците во оваа публикација се прикажани на ниво на Република Македонија и на ниво на општини.
Подетални податоци корисниците може да добијат од други публикации, во форма на документациски табели и
во базата на податоци Макстат на Државниот завод за статистика.


           
Датум на издавање: 30.10.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  485 Kb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 65
ISBN: 978-608-227-284-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика