+A   |  -A
ппп: 601 | ввв: 175473
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Табели за понудата и употребата на стоки и на услуги, 2012

 


Табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги и input-output табелите се составен дел на ревидираниот Европски систем на сметки (ESA 2010) и се користат како за статистички, така и за аналитички цели.
Државниот завод за статистика, следејќи ја потребата за хармонизирање со европскиот статистички систем, во 2004 година пристапи кон експериментално составување на табели за понуда и употреба на стоки и на услуги за 2000 година, врз основа на методолошките концепти, дефиниции и класификации кои се препорачуваат во “Прирачникот за input-output табели“ на ЕУРОСТАТ. Табелите беа публикувани во 2006 година, во едицијата “Класификации, методологии, номенклатури и стандарди“, под броевите 3.8.6.01 и 3.8.6.02.
Во 2008 година беа публикувани табелите за понуда и употреба за 2005 година во Статистички преглед кој стана редовно годишно издание на Секторот за национални сметки.
Во овој број на Статистичкиот преглед се презентирани табелите за понудата и употребата на стоки и на услуги во Република Македонија за 2012 година, по тековни цени. Табелите беа користени, за првпат, како средство за балансирање на процените на бруто домашниот производ.
За составување на табелите се користени сите расположливи податоци од статистичките истражувања кои ги спроведува Државниот завод за статистика и од административни извори.
Треба да се истакне дека базата на расположливи податоци многу влијае на квалитетот на резултирачките табели и со самото подобрување и збогатување на таа база соодветно ќе се развиваат и усовршуваат и табелите за понудата и употребата.
Ова е последно издание на публикацијата Табели за пунудата и употребата на стоки и на услуги. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на следниот линк: http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/



           
Датум на издавање: 12.05.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.07Mb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 51
ISBN: 978-608-227-174-3
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

  Табели на понуда и на употреба, 2013 (ПУ)
 

 

 


© Државен завод за статистика