+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Бруто-домашен производ, 2016

 


Почитувани корисници,

Овој статистички преглед е редовно годишно издание на Секторот за национални сметки. Податоците во оваа публикација се дадени за серијата 2014 – 2016 година.

Содржината на публикацијата е презентирана во пет дела.

Во првиот дел се содржани концепциските и методолошките основи, а во другите делови се прикажани табели со соодветна ознака: Серија М - Макроекономски табели, во кои се презентирани макроекономски податоци; Серија П – Производство на стоки и услуги, која содржи податоци за БДП пресметан според производниот метод; Серија Д – Создавање доход, со податоци за доходовните компоненти на БДП пресметан според доходовниот метод; Серија Т – Употреба на стоки и на услуги, која содржи податоци за трошочните компоненти на БДП пресметан според трошочниот метод и табели во кои се прикажуваат подетални податоци за инвестициите во основни средства.

Сакаме да напоменеме дека подетални податоци за основните категории на БДП, вклучувајќи ги и инвестициите во основни средства, се наоѓаат во базата на податоци МакСтат на веб-страницата на Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk).

Државниот завод за статистика и натаму ќе продолжи со имплементирање на методите и дефинициите за националните сметки што се воведуваат во Европскиот статистички систем со цел подобрување и збогатување на податоците што ги продуцира, а, пред сè, споредливост со другите земји во Европа и во светот.

Сите забелешки и предлози во функција на подобрување на содржината на публикацијата ќе бидат прифатени со задоволство.


           
Датум на издавање: 31.10.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.80MB
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 58
ISBN: 978-608-227-311-2
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика