+A   |  -A
ппп: 632 | ввв: 173688
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Основни и средни училишта на почетокот на учебната година, 2016/2017

 


Во оваа публикација Државниот завод за статистика објавува податоци за воспитно-образовниот процес во основното и во средното образование што се добиени од редовните годишни статистички истражувања спроведени на почетокот на учебната 2016/2017 година, во сите основни и средни училишта.
Публикацијата содржи податоци за бројот на основните училишта (редовни, специјални, основни за возрасни и основни уметнички училишта), паралелки, запишани ученици по пол, по одделенија, по општини, ученици според учењето на странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен), ученици на кои им е обезбеден бесплатен превоз, сместување во дом и во приватни семејства. Исто така, презентирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Според измените во Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 51/2007), од учебната 2007/2008 година, основното образование во Република Македонија трае 9 години (деветолетка) и е задолжително за сите деца од 6-годишна возраст.
Кај средните училишта (редовни, специјални, верски), покрај бројот на училиштата се обезбедуваат податоци и за
паралелките, учениците по пол, по струка, по времетраење на образовните програми и по општини, ученици според возраста и годината на учење, според учењето странски јазик (прв и втор задолжителен и факултативен). Исто така, презeнтирани се бројни податоци за наставниците според видот на работниот однос, полот, возраста, фондот на часови и степенот на стручна подготовка, како и податоци за стручните работници.
Во согласност со aдминистративната поделба на Република Македонија од 2013 година, општините Другово,
Вранештица, Зајас и Осломеј престанаa да постојат и тие се припоени кон општина Кичево. Поради тоа, почнувајќи од учебната 2013/2014 година, во публикациите нема да има податок кај гореспоменатите општини, а во општина Кичево, бројот на училишта, ученици и наставници ќе биде поголем.


           
Датум на издавање: 17.05.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  650 Kb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 51
ISBN: 978-608-227-263-4
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика