+A   |  -A
ппп: 554 | ввв: 194591
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Дипломирани студенти, 2015

 


Во овој Статистички преглед Државниот завод за статистика објавува статистички податоци за
дипломираните студенти на високообразовните установи во 2015 година, како и податоци за магистри,
специјалисти и доктори на науки во истата календарска година.
Податоците што се презентирани во прегледот се резултат на пристигнатите извештаи од редовните
годишни истражувања од областа на високото образование што се спроведуваат во сите високообразовни
установи во Република Македонија и во научно-истражувачките установи во кои се организирани
последипломски студии за стекнување звање магистер на науки или доктор на науки.
Податоците во прегледот се систематизирани по видови на школи, отсеци и групи, според начинот
на студирање на студентите, местото на постојано живеење, возраста, полот, припадноста кон етничка
заедница, студенти странски државјани кои дипломирале на факултетите и високите стручни школи во
Република Македонија итн.
Покрај податоците за 2015 година, во Статистичкиот преглед се објавени податоци и за дипломираните
студенти, магистри, специјалисти и доктори на науки во претходните години со што е овозможено анализирање
на динамиката на завршените студенти во подолг временски период, т.е. од 1965 до 2015 година.


           
Датум на издавање: 28.12.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.1 Mb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 113
ISBN: 978-608-227-254-2
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика