+A   |  -A
ппп: 666 | ввв: 217139
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2016

 


Во Статистичкиот преглед бр. 4.4.17.01 „Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2016 година” се
презентирани систематизирани податоци добиени од статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата” спроведено во 2016 година кои, според наша оценка, можат да послужат за анализа на животниот стандард на домаќинствата во Република Македонија. Прегледот претставува продолжение на истата публикација објавена за 2015 година.
Во публикацијата се објавуваат податоци за: просечните расположливи средства според изворите, висината на употребените средства според намената на потрошувачката, висината на употребените парични средства, количествата на прехранбени и други артикли наменети за лична употреба, како и податоци за снабденоста на домаќинствата со некои поважни трајни добра.
Податоците се систематизирани за сите домаќинства вкупно и според социоекономските категории на домаќинствата: земјоделски, мешовити и неземјоделски.
Распоредувањето на домаќинствата во социоекономски категории овозможува согледување на постоечките разлики во нивото и структурата на личната потрошувачка на домаќинствата, како битна материјална компонента на животниот стандард на населението.
Податоците од оваа Анкета се користат за изработка на пондерите за пресметка на индексот на трошоците на
животот.
Во функција на полесно и правилно користење на податоците содржани во публикацијата, дадени се методолошки
упатства и забелешки.


           
Датум на издавање: 11.05.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  870 Kb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 114
ISBN: 978-608-227-264-1
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика