+A   |  -A
ппп: 566 | ввв: 168983
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Анкета за странски посетители - Анкета на граничните премини, 2016

 


Статистичкото истражување „Анкета за странски посетители - Анкета на граничните премини“, се спроведe во
согласност со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97, 21/07, 51/11,
104/13, 42/14, 192/15 и 27/16) и Програмата за статистички истражувања 2013-2017 година („Службен весник на
Република Македонија“ бр.20/13, 24/14, 13/15 и 7/16) и во согласност со Регулативата бр. 692/2011 на Европскиот
парламент и Советот, според кои Државниот завод за статистика е овластен за подготовка на методологиите,
инструментите за спроведување, прибирање, обработка, анализа и објавување на статистичките податоци. Анкетата се организира во соработка со Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранична полиција.

 
Ова истражување се спроведува како редовно од 1980 година. Последните податоци со кои располага
Државниот завод за статистика се од 2009 година.


Анкетата спроведена во 2016 година обезбедува податоци за структурата на странските патници (еднодневни
посетители-излетници, транзитни патници или повеќедневни посетители на престој), социјалните карактеристики,
потрошувачката, како и за оценките што ги даваат за вредноста на услугите во земјата. Анкетата е спроведена
на примерок од 1628 посетители на 9 гранични премини, и тоа на 8 за премин со патнички возила и еден на
аеродромите.


Од обработените податоци се подготвени табели кои се презентираат во оваа публикација. Со користење на
овие податоци и со споредување со податоците од постоечките месечни и годишни податоци од статистиката на
граничните премини водена од страна на Министерството за внатрешни работи - Одделот за гранична полиција,
на корисниците им се овозможува подготвување на соодветни анализи на туризмот и на приходите по основ на
туризмот.


Државниот заводот за статистика ќе ја цени секоја сугестија која има за цел подобрување на статистичките
истражувања и квалитетот на податоците.



           
Датум на издавање: 26.04.2017
PDF:   Преземи ја публикацијата  
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 56
ISBN: 978-608-227-256-6
ISSN: ISSN 1857-5196
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика