+A   |  -A
ппп: 576 | ввв: 169132
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Градежништвото во Република Македонија, 2010-2014

 


Во согласност со својата пракса, Државниот завод за статистика го објавува овој Статистички преглед за состојбата во градежништвото во Република Македонија.
За периодот од 2010 до 2014 година, опфатена е состојбата на станбената изградба и тоа: изградени, незавршени и урнати станови, како и преглед на издадените одобренија за градење по број, вид на објекти и инвеститор, и предвидената вредност.
За 2013 и 2014 година, презентирана е состојбата на изградба на сите видови објекти во Република Македонија, вредноста на тие објекти, вредноста на потрошениот градежен и погонски материјал при изградбата на објектите и вкупната вредност на извршените и договорените градежни работи во странство.
Податоците кои се обработени во овој Статистички преглед се добиени врз основа на редовните истражувања од областа на градежната статистика, а од 1999 година се применува новата Номенклатура на градежни објекти и градежни работи којашто во делот за градежни објекти е изработена врз основа на Класификацијата на видовите градежни објекти (Classification of Types of Constructions) во издание на Евростат, август 1997 година, а во делот за градежни работи, врз основа на европската Статистичка класификација на производи според активноста (Statistical Classifications of Products by Activity) во издание на Евростат од 2008 година.
Табелите во овој Статистички преглед кои ја опфаќаат изградбата на становите и извршувањето на градежните работи по видови на градба, се претставени на ниво на општини и статистички региони, во согласност со Номенклатурата на територијални единици за статистика (НТЕС) за Република Македонија, усвоена во 2007 година.

Ова е последно издание на публикацијата „Градежништвото во Република Македонија“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на следниот линк: http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk



           
Датум на издавање: 01.09.2015
PDF:   Преземи ја публикацијата  1.7Mb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници:
ISBN: 978-608-227-198-9
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика