+A   |  -A
ппп: 655 | ввв: 173798
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистички региони, 30.06.2015 и 31.12.2015

 


Во оваа публикација се презентирани процените на населението на 30.06. 2015 и на 31.12.2015 година, по пол
и по возраст, на национално и на општинско ниво и според статистички региони, на третото ниво според НТЕС.
Во согласност со Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија
(„Службен весник на РМ“ бр.55/2004, 12/2005 и 10/2014), во Република Македонија има 80 општини (единици на
локална самоуправа), а општините Зајас, Осломеј, Другово и Вранештица стануваат дел од општина Кичево.
Во согласност со важечката класификација НТЕС („Службен весник на Република Македонија“ бр 158/2007),
Република Македонија на третото ниво според НТЕС е поделена на осум статистички региони: Вардарски, Источен,
Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Скопски.
Податоците на национално ниво се по поединечни години на возраст и по петгодишни возрасни групи, додека
податоците на општинско ниво и според статистички региони се по петгодишни возрасни групи.
Обликот и содржината на табелите и на графиконите содржани во публикацијата овозможуваат комплетен
аналитички приод при користењето на податоците, а континуираното изработување и публикување на процените
на населението и за следните години ќе овозможи и временско следење и анализирање на податоците за
населението.

26.09.2016
Почитувани корисници,
Во публикацијата „Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистички региони“, на страниците 63 и 64, од технички причини е направен пропуст при што во Табела 16 се прикажани податоците од Табела 8, поради што се извинуваме.
Коригираната верзија на публикацијата можете да ја преземете на линкот подолу.

Ова е последно издание на публикацијата „Процени на населението според полот и возраста, по општини и по статистички региони“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.



           
Датум на издавање: 06.07.2016
PDF:   Преземи ја публикацијата  
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 66
ISBN: 978-608-227-234-4
ISSN:
Јазик: македонски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика