+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Природно движење на населението, 2017

 


Во оваа публикација се презентирани основните статистички податоци за природното движење на населението во
Република Македонија за 2017 година и споредбени показатели за периодот 1994 – 2017 година.
Во согласност со меѓународните стандарди, а и заради задоволување на потребите на корисниците за квалитетни
податоци, Државниот завод за статистика почнувајќи од 2004 година, применува нова методологија на прикажување на податоците за виталните настани земајќи ги предвид само настаните случени во Република Македонија.
Содржината на прегледот е дефинирана врз основа на анализирањето на искажаните потреби на корисниците
на статистички показатели за природното движење на населението во Република Македонија, а, пред сè, во областа на здравството, социјалната заштита, образованието и науката. Посебен интерес за овие податоци имаат органите на државната управа и органите на единиците на локалната самоуправа поради нивното користење при утврдувањето и водењето на развојната политика.
Државниот завод за статистика им се заблагодарува на институциите и на поединците што дадоа придонес во
прибирањето и обработката на податоците за природното движење на населението во Република Македонија.


           
Датум на издавање: 06.07.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата  983 Kb
Excel:   Преземи табели *
   
Број на страници: 114
ISBN: 978-608-227-305-1
ISSN:
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика