|
СООПШТЕНИЕ ЗА СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ
Државниот завод за статистика на Република Македонија, на 26 декември
2007 година ќе организира КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТОТ:
“ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДЕФИНИТИВНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ
НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, 2007”
Државниот завод за статистика, во периодот од 1 до 15 јуни 2007 година го реализираше
Пописот на земјоделството во Република Македонија.Дефинитивните податоци од
Пописот со повеќе белези за индивидуалните земјоделски стопанства и деловните
субјекти ќе ги соопшти м-р Благица Новковска, директор на Државниот завод за
статистика. Сметаме дека средствата за јавно информирање со своето учество ќе
придонесат кон информирање на јавноста за оваа статистичка акција.
Конференцијата за печат ќе се одржи на 26 декември 2007 година, со почеток
во 11.30 часот, во просториите на ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА- ГОЛЕМА САЛА.
Своето учество на прес-конференцијата претставниците на печатените и електронските
медиуми треба да го најават кај г-ѓа Мира Тодорова
(тел. 3295648).
|
|
|
|
|