Насловна
| За Пописот на земјоделството |
Односи со јавноста
|
Контакти
    Eдиници на Попис  

               Индивидуални земјоделски стопанства 

     Индивидуалните земјоделски стопанства претставуваат единици кои се попишуваат доколку ги исполнуваат следните услови:

     - користат 1000 м2 или повеќе земјоделска површина или,
     - користат помалку од 1000 м2 или воопшто не користат земјоделско земјиште, но поседуваат одреден минимален број на добиток, живина или пчелни семејства и тоа:

     · 1 крава и 1 теле, или
     · 1 крава и 1 јуне, или
     · 1 крава и две пораснати грла ситен добиток, или
     · 5 пораснати овци или кози, или
     · 3 пораснати свињи, или
     · 4 пораснати овци или кози и свињи заедно, или
     · 50 броја порасната живина, или
     · 20 пчелни семејства.

     По исклучок, ќе се опфатат и домаќинствата кои имаат земјоделско производство, но не ги исполнуваат условите за индивидуално земјоделско стопанство, доколку земјоделското производство е единствен извор на приход за тие домаќинства.

Домаќинства кои поседуваат шума

     Со Пописот ќе се опфатат сите домаќинства кои поседуваат шума.
Под шума се подразбира секоја површина поголема од 500 м2 која е обрасната со шумски дрвја во видови насади и служи за производство на шумски сортименти или има заштитна функција или посебна намена.

Домаќинства кои поседуваат рибник

     Со Пописот ќе се опфатат сите домаќинства кои поседуваат рибник.
Рибник претставува ограничен, затворен простор, во кој се одгледуваат риби и кој може, по желба, да се полни со вода и да се празни. Како составен дел на рибникот се сметаат и каналите со кои се доведува и испушта водата од рибникот.

     · деловни субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои во согласност со Националната класификација на дејности, според претежната дејност се распределени во секторот Земјоделство, лов и шумарство

     · деловни субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои во согласност со Националната класификација на дејности, според претежната дејност не се распределени во секторот Земјоделство, лов и шумарство, но вршат активности во овој сектор.

     Но, со Пописот нема да се попишат оние домаќинства кои не ги исполнуваат условите дадени во дефинициите за индивидуално земјоделско стопанство, домаќинство кое поседува шума и домаќинство кое поседува рибник, како и сите домаќинства кои поседуваат земјиште, но не го користат или целосно го изнајмуваат на други домаќинства.

   Содржини

 
   Eдиници на Попис
     Опфат на Пописот
     Организација на Пописот
     Јазик на попишување
     Кој ги дава податоците при попишувањето

     Заштита на податоците

     Историјат на пописите


    Закон за Попис на земјоделството, 2007

     Пописни инструменти
 
     Прашалник за деловни субјекти (македонски)
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (македонски)
     Контролник
     Методологија за индивидуални земјоделски стопанства
     Методологија за деловни субјекти
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (албански)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (српски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (турски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (влашки)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (ромски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (бошњачки)