|
Прибирањето
на податоците во Пописот се реализира со непосредно попишување
од страна на попишувачи и запишување на податоците во печатени
обрасци за индивидуалните земјоделски стопанста и со доставување
на пописните обрасци до деловните субјекти кои пополнети ги
враќаат до Државниот завод за статистика, по пошта.
Пописот се спроведува на целата
територија на Република Македонија, а за потребите на Пописот
територијата на државата е поделена на 41 пописен реон. Најмал
територијален дел од земјата на кој се врши попишувањето е
пописниот круг и секој попишувач ќе биде задолжен да го врши
попишувањето во еден или повеќе пописни кругови.
Работата на попишувачите во
еден пописен реон ја организираат, надгледуваат и даваат стручни
препораки државните инструктори, со поддршка на комисиите
за пописниот реон во согласност со нивните надлежности. Организацијата
и следењето на работата на комисиите за пописните реони ја
врши Бирото за Попис при Државниот завод за статистика.
За контрола на квалитетот и
опфатот на податоците, по спроведувањето на Пописот, во 50
пописни кругови ќе се спроведе Постпописно истражување.
Во подготовката, организацијата
и спроведувањето на Пописот и Постпописното истражување учествуваат
и:
-Управниот комитет за
развој на земјоделските статистики
-Советот за статистика
на Република Македонија
-Комисиите за пописните
реони
-Државните инструктори
-Инструкторите за пописните
реони (во натамошниот текст: реонски инструктори)
-Попишувачите и
-Други учесници во согласност
со одредбите на овој Закон.
|