Насловна
| За Пописот на земјоделството |
Односи со јавноста
|
Контакти
    За Пописот на земјоделството  

 Државниот завод за статистика го спроведува Пописот за земјоделство за да се изработи статистичкиот портрет на македонското земјоделство и неговите активности. Податоците што ќе се добијат од овој Попис на корисниците ќе им понудат сеопфатна слика за состобите во македонското земјоделство, односно релевантни информации за бројот на индивидуалните земјоделски стопанства, вкупниот користен земјишен фонд за земјоделство, рибарство и шумарство, добиточниот фонд по видови и по категории, земјоделската механизација и опрема, агротехничките мерки според видот и површината на земјиште на која се применуваат, работната сила ангажирана во оваа дејност и сл.

     На територијата на Република Македонија, по Втората светска војна се спроведени 2 пописа на земјоделството, во 1960 и во 1969 година.
Индивидуалните земјоделски стопанства, со определен број на белези, беа опфатени со пописите на населението кои беа спроведени во 1991, 1994 и 2002 година.

     Правен основ за подготовка, спроведување, обработка и дисеминација на податоците од Пописот е Законот за Попис на земјоделство (Службен весник бр. 39/2006 и 113/2006).

     Критичен момент : Пописот и Постпописното истражување ќе се спроведат според состојбата на 31 мај 2007 година и според состојбата во период од една година пред спроведувањето на Пописот (од 1 јуни 2006 до 31 мај 2007 година).

Период на спроведување на Пописот: 01-15.06.2007 година

   Содржини

 
   Eдиници на Попис
     Опфат на Пописот
     Организација на Пописот
     Јазик на попишување
     Кој ги дава податоците при попишувањето

     Заштита на податоците

     Историјат на пописите


    Закон за Попис на земјоделството, 2007

     Пописни инструменти
 
     Прашалник за деловни субјекти (македонски)
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (македонски)
     Контролник
     Методологија за индивидуални земјоделски стопанства
     Методологија за деловни субјекти
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (албански)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (српски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (турски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (влашки)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (ромски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (бошњачки)