Насловна
| За Пописот на земјоделството |
Односи со јавноста
|
Контакти
    Опфат на Пописот  

     Пописот е организиран според концептот на целосен опфат (“од врата до врата”) што значи дека за време на Пописот ќе бидат посетени и евидентирани сите домаќинства на територијата на Република Македонија со цел да се идентификуваат и опфатат единиците на Пописот. Идентификуваните единици на Пописот ќе бидат попишани од попишувачи по пат на интервју.

     Нема да се посетуваат деловните објекти (ако таму нема домаќинство), дипломатско-конзуларните претставништва и религиозните објекти.

     Предвидено е со Пописот да се опфатат и домаќинствата на раселените лица кои во критичниот момент ќе се затекнат во колективните центри за сместување на раселените лица во земјата, како и други домаќинства сместени во колективни живеалишта. Нивното попишување ќе го извршат лица вработени во Државниот завод за статистика.

     Со Пописот ќе се опфатат исклучиво индивидуалните земјоделски стопанства, домаќинствата кои поседуваат шума и домаќинствата кои поседуваат рибник на територијата на Република Македонија.

     Со Пописот ќе се опфатат и деловните субјекти и единиците во состав на деловните субјекти кои според претежната дејност се распределени во секторот Земјоделство,лов и шумарство, како и оние кои не се распределени во овој сектор, но вршат активности во овој сектор ( земјоделски училишта,казнено-поправни домови, земјоделски научни институти, верски заедници и други).

   Содржини

 
   Eдиници на Попис
     Опфат на Пописот
     Организација на Пописот
     Јазик на попишување
     Кој ги дава податоците при попишувањето

     Заштита на податоците

     Историјат на пописите


    Закон за Попис на земјоделството, 2007

     Пописни инструменти
 
     Прашалник за деловни субјекти (македонски)
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (македонски)
     Контролник
     Методологија за индивидуални земјоделски стопанства
     Методологија за деловни субјекти
     Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (албански)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (српски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (турски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (влашки)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (ромски)
      Прашалник за индивидуални земјоделски стопанства      (бошњачки)