|
Податоци за
прашањата во пописните обрасци треба да се бараат од лицето
кое е носител на индивидуалното земјоделско стопанство, односно
од сопственикот на шумата или рибникот или од носителот на
домаќинството.
Во отсуство на носителот на
индивидуалното земјоделско стопанство, сопственикот на шумата
или рибникот или носителот на домаќинството, податоците ги
дава полнолетен член кому податоците му се најмногу познати.
Потребен документ при попишувањето
е документ за лична идентификација на лицето или друг документ
од кој може да се преземе ЕМБГ. Ако не се располага со никаков
документ за идентификација, тогаш се внесуваат податоци за
датум на раѓање на лицето.
Податоците од деловните субјекти
и единиците во состав на деловните субјекти кои вршат земјоделско
производство ги пополнува овластено лице, а ги заверува одговорното
лице на деловниот субјект. Пописните обрасци се прибираат
со известува?ки (поштенски) метод.
|