+A   |  -A
ппп: 572 | ввв: 169082
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Активно население


Цел на Анкетата

Целта на Анкетата за работната сила е да се приберат податоци за економската активност на населението и неговите демографски, образовни и други карактеристики во согласност со меѓународните стандарди и препораки (ИЛО и ЕУРОСТАТ).

Единици на набљудување

Единици на набљудување во Анкетата се домаќинството и сите лица во него.

Основни дефиниции

Работоспособно население
- го сочинуваат сите лица на возраст од 15 до 79 години.

Економски активното население - го сочинуваат вработените и невработените (работна сила).

Вработени се лицата на возраст од 15 до 79 години кои:
- за време на извештајната недела работеле за пари (во готово или во натура) или профит, најмалку 1 час;
- за време на извештајната недела привремено (т.е. поради болест, отсуство, студии, прекин на активноста на деловниот субјект итн.) биле отсутни од работното место, но формално биле вработени;
- помагале на семејниот имот или во семејното претпријатие без плата.

Невработени - се лицата кои ги исполнуваат следните три услови:
- за време на извештајната недела не работеле (според горенаведените критериуми);
- активно барале работа, т.е. преземале конкретна активност за наоѓање работа;
- биле подготвени да прифатат работа во следните две недели по извештајната недела.

Главни показатели за следење на промените кај работната сила се:

- Стапката на активност како учество на работната сила во работоспособното население на возраст од 15 години и повеќе;
- Стапката на вработеност: како учество на вработените во работоспособното население на возраст од 15 години и повеќе

- Стапката на невработеност како учество на бројот на невработените во вкупната работна сила.



Последно ажурирање: 29.03.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика