+A   |  -A
ïïï: 1285 | âââ: 76899
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Природно движење на населението


Основната цел на виталната статистика (родени, умрени лица, склучени и разведени бракови) се состои во прибирање, обработка и следење на податоците за виталните настани, според определени демографски, економски, социјални и други белези.

Опфат

Статистика ги опфаќа родени, умрени лица, склучени и разведени бракови.

Извештајни единици

Извештајни единици - се матичните служби кои ги водат матичните книги на родени, умрени и склучување согласно Законот за матична евиденција - Управа за водење на матичните книги- орган во состав на Министерството за правда, а за разведени бракови е секој Основен суд надлежен за разведување на бракови .

Дефиниции

Живородено дете - живораѓање е комплетно исфрлање или вадење на производот на зачетокот од телото на мајката, независно од траењето на бременоста, кој по тоа одвојување дише или покажува други знаци на живот како отчукувања на срцето, пулсирање на попочната врвца, или јасни движења на вољните мускули, без разлика дали папочната врвца била пресечена или плацентата е поврзана.

Мртвородено дете - ако детето е родено, или извадено од телото на мајката без никакви знаци на живот, т.е не дишело ниту покажувало други знаци на живот, т.е не дишело ниту покажувало знаци на живот, (чукање на срцето, движење на мускулите), носено 28 и повеќе недели се смета за мртвородено.

Умрено лице e секое живородено лице кај кое настанало траен престанок на сите витални функции.

Умрено доенче е дете кое умрело пред да ја наврши првата година од животот.

Природен прираст на населението - разлика помеѓу бројот на живородените деца и бројот на умрените лица за определен временски период.

Брак е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.

Разведен брак е раскината брачна заедница со правосилна пресуда од надлежен суд.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика