+A   |  -A
ïïï: 1584 | âââ: 77695
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Превезени патници и стоки


Патнички превоз

Поминати километри на возилото - се прикажуваат поминатите километри во текот на извештајниот месец без оглед на тоа дали возењето било во функција на превоз или не.

Патник е секое лице кое набавило возен билет или соодветна возна исправа и влегло во автобус со цел да се превезе до определено место.

Патнички километар е единица мерка којашто претставува превоз на патник на растојание од еден километар.

Градско-приградски превоз

Превозот на патници се однесува само на превозот кој се врши на градските и приградските линии непосредно во градското подрачје (не е опфатен такси превозот).

Поминати (возни) километри претставува единица мерка со која се изразува движењето на патничкото возило на растојание од еден километар. Во поминатите километри се вклучуваат и километрите кога возилото се движи празно (без патници).

Товарен патен превоз

Поминати километри на возилото - се прикажуваат поминатите километри на возилото со товар или празно.

Тон на стока е основна единица мерка со која се искажува тежината на стоката.

Тон километар - единица мерка што претставува превоз на еден тон стока на растојание од еден километар.

Железнички превоз

Во податоците за превезените патници се опфатени сите патници превезени со железнички коли во националниот и меѓународниот превоз.

Во податоците за превезените стоки се опфатени сите стоки превезени со железнички коли во националниот и меѓународниот превоз.

Натоварени стоки претставуваат стоки натоварени во националниот и меѓународниот превоз.

Истоварените стоки претставуваат стоки истоварени во националниот и меѓународниот превоз.

Патник е секое лице коешто за патување користи железничка кола, освен екипажот на колата.

Патнички километар претставува единица мерка за транспорт на еден патник во должина на пругата од еден километар.

Превезени стоки претставува збир на сите стоки што се превезуваат со железнички коли.

Нето - тонски километар претставува единица мерка за транспорт на стоки на еден тон стока со железница во должина од еден километар.

Воздухопловен превоз

Во податоците за превезените патници се опфатени сите патници кои отпатувале и допатувале со воздухоплов во редовниот и чартер превозот.

Во податоците за превезени стоки се опфатени сите стоки испратени и пристигнати во редовниот и чартер превозот.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Транспорт и комуникации 
  
  Паркиралишта и гаражи
  Превезени патници и стоки
  Такси-превоз на патници
  Превезени патници со автобуси


   


© Државен завод за статистика