+A   |  -A
ппп: 565 | ввв: 169047
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на работниците во индустријата


Дефиниции и начин на пресметка

Работници во индустријата се работниците кои биле вработени во извештајната единица на крајот на месецот без оглед на тоа дали тој ден биле на работа, годишен одмор, боледување и друго. Се опфаќаат само работниците кои се вработени во индустријата без оглед на тоа дали работат на производни, општи или раководни работи.

Индексот на работниците во индустријата се пресметува од податоците за бројот на работниците во одделни групи на дејности во тековниот период и бројот на работниците во одделни групи на дејности во базниот период.

Индексот на работниците во индустријата се пресметува по следната формула:

I = ? Ni / O ? No

? Ni- број на работници во тековниот период
O ? No- просечен број на работници во базниот период

Применети класификации и меѓународни стандарди:
  • Национална класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006).
  • "Методологијата за краткорочни деловни статистики" на ЕУРОСТАТ од 2002 година.



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошки објаснувања за соопштенијата од областа: Индустрија 
  
  Индекси на индустриското производство
  Индекси на прометот во индустријата
  Индекси на работниците во индустријата


   


© Државен завод за статистика