+A   |  -A
ппп: 12259 | ввв: 301082
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Лаекен индикатори за сиромаштијата


Дефиниции

Еквивалентна големина на домаќинството
Со цел да се отсликаат разликите во големината и составот на домаќинствата, податоците за приходите се дадени по еквивалент возрасен.
Тоа значи дека вкупниот приход на домаќинството се дели со соодветната еквивалентна скала користејќи ја таканаречената модификувана еквивалентна скала која обезбедува пондер од:
- 1.0 за првиот возрасен;
- 0.5 за кој било друг член на домаќинството на возраст од 14 години и повеќе;
- 0.3 за секое дете на возраст под 14 години.

Праг на сиромаштија
Toj се однесува како линијата на сиромаштија. Прагот е еквивалент на 60 проценти од медијалниот национален еквивалентен приход на лицата кои живеат во домаќинствата.

Стапка на сиромаштија
Овој индикатор го прикажува процентот на лица со еквивалентен расположлив приход под прагот на сиромаштија.
Стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери го прикажува процентот на лица со еквивалентен расположлив приход пред социјалните трансфери, исклучувајќи ги, исто така, и пензиите под прагот на сиромаштија.

Најфреквентен статус на економска активност
Toj е дефиниран како статус кој поединците го декларираат во повеќе од половината месеци во референтниот период за приходите. Најфреквентни статуси на економска активност се вработени, невработени, пензионери од редовен работен однос и останати неактивни лица.

Сооднос S80/S20
Сооднос помеѓу збировите на највисоките и најниските 20 проценти на еквивалентни приходи на лицата во домаќинствата.

Домаќинства со многу низок интензитет на економска активност
За секое домаќинство, интензитетот на економската активност се пресметува со делење на збирот на сите месеци во кои всушност се работело, на сите работоспособни членови на домаќинството (т.е. лица на возраст 18-59 кои не спаѓаат во дефиницијата на издржувани деца), со збирот на месеци кога теоретски би можело да се работи во домаќинството. Поединците се класификувани во категории на интензитет на економска активност во вредност од WI=0 (домаќинство без вработени) до WI=1 (целосна економска активност, т.е. сите работоспособни членови на домаќинствата да работат за време на референтната година за приходите).
Интензитет на економска активност еднаков или помал од 0.20 се смета за многу низок.

Gini коефициент
Toj ја мери нееднаквоста меѓу вредностите на фреквенциите на дистрибуцијата на приходот. Во теоријата, Gini коефициентот е еднаков на 0 кога постои совршена еднаквост на дистрибуцијата на приходите (на пример, каде што сите лица имаат ист приход), додека Gini коефициентот е еднаков на 1 (или 100%), кога постои максимална нееднаквост меѓу вредностите (на пример, кога само една лице ги има сите приходи).

Стапка на сериозна материјална обесправеност
Taa е дефинирана како процент од населението со наметнат недостиг од најмалку четири од деветте материјално обесправени ставки во димензија на економски товар или трајни добра. Деветте ставки земени предвид се: 1) потешкотии во плаќањето на кредити за купување или реновирање на станот или станарина, сметки за комунални услуги или потешкотии со исплаќање на нестанбен кредит; 2) капацитет да се овозможи една недела одмор; 3) капацитет да се овозможи јадење месо, пиле, риба или соодветно вегетаријанско јадење секој втор ден; 4) капацитет да се соочи со неочекуван финансиски трошок; 5) домаќинството да не може да си дозволи телефон (вклучувајќи и мобилен); 6) домаќинството да не може да си дозволи телевизор во боја; 7) домаќинството да не може да си дозволи машина за перење алишта; 8) домаќинството да не може да си дозволи автомобил и 9) можност домаќинството да плати за адекватно затоплување на станот.

Стапка на сиромашни или социјално исклучени лица, AROPE индикатор
Овој индикатор го изразува учеството на населението кое е или сиромашно, или сериозно материјално обесправено или, пак, живее во домаќинство со многу низок интензитет на економска активност.



Последно ажурирање: 03.01.2014

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошки објаснувања за соопштенијата од областа: Животен стандард 
  
  Лаекен индикатори за сиромаштијата
  Потрошувачка кошница, цени и плати
  Сиромаштија


   


© Државен завод за статистика