+A   |  -A
ïïï: 283 | âââ: 68322
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Склучени и разведени бракови


Извор

Извори на податоци за склучени бракови се матичните служби надлежни за евиденција, а за разведени бракови се Основните судови надлежни за разведување на бракови.

Извештајни единици

Извештајна единица за склучен брак е секое матично подрачје каде што се склучува брак, а за разведени бракови е секој Основен суд надлежен за разведување на бракови.

Опфат

Единица на опфат за склучени бракови е секој законски склучен брак, а за разведени бракови е секој законски разведен брак, кога одлуката за развод ке стане правосилна.

Дефиниција

Брак е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството.

Разведен брак е призната институција кога правата и обврските на брачните другари се раскинуваат врз основа на судска одлука за развод на брак.



Последно ажурирање: 10.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика