+A   |  -A
ппп: 8443 | ввв: 622460
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на индустриското производство


Начин на пресметка

Индексот на индустриското производство, во согласност со Националната класификација на дејностите, се пресметува во два чекора: во првиот чекор, преку пондерирање на индивидуалните индекси на количините на индустриските производи, а во вториот чекор, преку пондерирање со соодветните пондерациски коефициенти за различни нивоа (по групи, сектори, оддели и вкупно).

Месечните индекси на индустриското производство се пресметуваат со користење на Ласперовата формула и се користат за пресметување на другите индекси.

Пондерациските коефициенти за производите од Номенклатурата на индустриските производи кои се користат за пресметка на индексот на индустриското производство претставуваат додадена вредност за производство на одредени производи. Се пресметуваат врз основа на учеството на производните вредности во Годишниот извештај за индустрија за 2010 година и се ревидираат на пет години.

Структурата на индустриските дејности (структурата по оддели) е пресметана врз основа на додадената вредност за 2010 година и се ревидира на почетокот на секоја година за пресметка на индексите за тековната година.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за индустриското производство и објавувањето на резултатите се користи Националната класификација на дејности Рев.2 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008 година) и Националната номенклатура на индустриски производи 2008 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 75/2009 година).

Препораки

Индексот на индустриското производство се базира на препораките на ЕВРОСТАТ во „Методологијата за краткорочни деловни статистики“ од 2006 година и е хармонизиран со Регулативата 1165/98 на Европската комисија.



Последно ажурирање: 14.03.2013

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 08.02.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошки објаснувања за соопштенијата од областа: Индустрија 
  
  Индекси на индустриското производство
  Индекси на прометот во индустријата
  Индекси на работниците во индустријата


   


© Државен завод за статистика