+A   |  -A
ïïï: 853 | âââ: 88456
Skip Navigation Links
Државниот завод за статистика во услови на епидемија

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, предизвикана од епидемијата на вирусот Корона, како и вонредната состојба во државата и мерките наложени од Владата, Државниот завод за статистика вложува напори да продолжи со редовно одвивање на работниот процес и објавување на статистичките податоци според Календарот на објавување.
Имајќи предвид дека состојбата се менува од ден во ден, дека се прекинати анкетните истражувања на терен и дека некои деловни субјекти-даватели на податоци се затворени како последица на епидемијата, во претстојниот период може да дојде до доцнење на одредени податоци.
Почитувани корисници, ве молиме да имате разбирање за евентуалните доцнења на податоците за што навремено ќе известуваме и да го следите Календарот на објавување каде што ќе ги најавуваме сите поместувања на објавувањето на податоците.


© Државен завод за статистика