+A   |  -A
ппп: 614 | ввв: 173617
Skip Navigation Links
 Општи информации
 Информации за анкетирање на лица и домаќинства
 Информации за деловните субјекти

Информации за учесниците во статистичките истражувања

 

Информациии за деловните субјекти

Државниот завод за статистика дел од статистичките истражувања ги спроведува со прибирање на податоци од деловните субјекти. Податоците од деловните субјекти – извештајни единици се многу важни и затоа тие треба да бидат точно пополнети и навремено доставени до Државниот завод за статистика.

Како се избира деловниот субјект во истражувањето?
Дел од статистичките истражувања чијшто извор се деловните субјекти Државниот завод за статистика ги спроведува на база на примерок. Примерокот е избран од статистичките регистри кои се водат во ДЗС, преку различни карактеристики кои се релевантни за соодветното статистичко истражување. Понекогаш, карактеристиките по кои се избира деловниот субјект се совпаѓаат кај повеќе истражувања и деловниот субјект може да биде вклучен во повеќе статистички истражувања.

Начини на кои се спроведуваат истражувањата
Статистичките истражувања се спроведуват преку пополнување на печатени прашалници или преку електронски систем за прибирање податоци, Е-стат. За истражувањата кои се спроведуваат преку системот Е-стат, деловниот субјект по електронска пошта се информира дека е избран да учествува во истражувањето, и му се испраќа корисничко име и лозинка за пристап до системот.

До кога треба да бидат доставени податоци од деловниот субјект?
Секое статистичко истражување, во зависност од периодиката, има краен рок до кога податоците треба да бидат доставени до Државниот завод за статистика, односно пополнети преку системот Е-стат за да може навремено да бидат обработени и објавени.

Дали избран деловен субјект може да биде заменет со друг деловен субјект за учество во статистичкото истражување?
При спроведувањето на истражувањето не е дозволена замена на избраниот деловен субјект.

Што ќе се случи доколку деловниот субјект не успее навремено да достави податоци?
Во член 26 од Законот за државната статистика деловните субјекти се должни податоците што треба да ги обезбедат, а што ги спроведува Заводот, да ги дадат во однапред дефиниран формат во согласност со Програмата за статистички истражувања, без надомест. Во членовите од 54-54д од Законот за државната статистика се предвидени казнени одредби за деловните субјекти – извештајните единици кои не доставуваат податоци.

До кого да се обрати деловниот субјект ако има потреба од помош?
Ако деловниот субјект има проблем со пополнувањето на прашалникот, тогаш може слободно да се јави на телефонскиот број за контакт којшто е наведен во писмото за известување.

Како да се дојде до резултатите од статистичките истражувања?
Резултатите од статистичките истражувања се објавуваат на веб-страницата на Државниот завод за статистика (преку соопштенија, публикации во електронска форма, МакСтат базата на податоци) и преку печатени публикации.

Исто така, заинтересираните може да се регистрираат за добивање на информации за најновите продукти на Државниот завод за статистика на следниот линк: http://www.stat.gov.mk/emailIzvestuvanje.aspx


 


© Државен завод за статистика