+A   |  -A
ппп: 869 | ввв: 200320
Skip Navigation Links
 Општи информации
 Информации за анкетирање на лица и домаќинства
 Информации за деловните субјекти

Информации за учесниците во статистичките истражувања

 

Информации за анкетирање на лица и домаќинства

Државниот завод за статистика дел од статистичките истражувања ги спроведува со анкетирање на домаќинствата и лицата кои живеат во нив. Тоа се следните истражувања:
- Анкета за работната сила
- Анкета за потрошувачката на домаќинствата
- Анкета за користење на времето
- Анкета за приходи и услови на живеење
- Анкета за бројната состојба на добитокот во индивидуалните домаќинства
- Анкета за користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци
- Анкета за образование на возрасни
- Пилот истражување за растително производство - овоштарници и лозја.

Како сум избран за учество во Анкетата?
Дел од статистичките истражувања Државниот завод за статистика ги спроведува преку анкети кои се базираат на примерок. Рамка за избор на примерокот претставуваат статистичките регистри кои се водат во Заводот. Домаќинствата се бираат по случаен избор.

Еднаш учествував во анкета на Државниот завод за статистика. Зошто сум избран и за друга анкета?
Во Државниот завод за статистика се спроведуваат повеќе анкети со различна методологија. Од тие причини постои веројатност истото домаќинство да биде избрано во повеќе анкети или во иста анкета да биде избрано повеќе пати.

Како се спроведуваат Анкетите?
За спроведување на анкетите во Државниот завод за статистика постои анкетарска мрежа. Анкетите на терен ги спроведуваат анкетари кои анкетирањето го вршат со помош на прашалници, а од 2012 анкети се прават и преку телефон. Но, првично домаќинството го анкетира анкетар кој го посетува домаќинството. Доколку анкетарот ве контактирал во несоодветно време за вас, кажате му го времето кога ви одговара да ви се јави или посети.

Потврдување на идентитетот на анкетарот
Анкетарите задолжително носат овластување издадено од Државниот завод за статистика. Вие секогаш можете да го потврдите идентитетот на анкетарот контактирајќи го Државниот завод за статистика на следниот линк http://www.stat.gov.mk/Contact.aspx

 



© Државен завод за статистика