+A   |  -A
ппп: 559 | ввв: 183423
Skip Navigation LinksНасловна Корисничка подршка Услуги и продукти на Евростат

Како да пристапите до европскитe статистички податоци?

 

Државниот завод за статистика има блиска соработка со Евростат - статистичкиот уред на Европската унија. Освен што ги доставуваме нашите национални статистички податоци до Евростат, ние исто така им помагаме на нашите корисници да пристапат до европската статистика и обезбедуваме корисничка поддршка на македонски јазик. Во прилог е краток опис на услугите што ги обезбедува Евростат:

 

Веб-страница на Евростат

 Description: ESDS_1-EurostatWebsite

Веб-страницата на Евростат овозможува бесплатен онлајн-пристап до сите негови статистички бази на податоци и до соодветните електронски публикации. Базите на податоци на Евростат ги покриваат Европската унија, земјите-членки на ЕУ, на еврозоната, земјите-кандидатки и земјите на ЕФТА и многу често, исто така, се дадени споредливи податоци од други големи учесници (САД, Канада, Јапонија, Русија итн.).
Во делот Статистика податоците се организирани според индикаторите на политиката на ЕУ и според теми, вклучително и детални основни информации. Може да користите пребарување (search) за да внесете каков и да е клучен збор во врска со податоците што сакате да ги најдете.

 

 

 

Соопштенија - News Releases

Description: ESDS_2-NewsRelases

Најновите европски податоци се објавуваат како соопштенија што ги покриваат евроиндикаторите (БДП, инфлацијата, невработеноста итн.) и други статистички теми (земјоделството, животната средина, социјалните теми, регионите, истражувањето и развојот итн.) Во Календарот на навременост може да ги најдете приближно точните датуми на објавување на евроиндикаторите за целата година.
Соопштенијата на Евростат може да се следат и на Твитер.

 

 

 

Објаснета статистика  - Statistics Explained

Description: ESDS_3-StatisticsExplained

Секој збир на статистики произведени од Евростат е опишан во една или во повеќе статистички статии во Објаснетата статистика. Оваа алатка во стилот на Википедија е енциклопедија на статистиката на Европската унија, портал за дополнителни информации за нередовни или за редовни корисници и статистички речник.
Секоја статистичка статија вклучува линкови до релевантните табели со податоци и до публикациите во делот "Дополнителни информации од Евростат".

 

 

 

Главни табели - Main tables

Description: ESDS_4-TGM

За пристап до предефинираните табели со податоци за индикаторите на политиката на ЕУ и до статистиките по области, селектирајте ја областа во делот Статистики и следете го линкот  "главни табели" во левиот дел.
Податоците во Главните табели се презентирани со алатката Табели, Графикони и Мапи (ТГМ). Оваа ТГМ-алатка овозможува симнување и печатење табели, графикони и мапи со тридимензионални податоци (индикатор, период и земја).

 

 

 

База на статистички податоци

Description: ESDS_5-Databases

Сите податоци, прибрани од Евростат, се достапни во Базата на статистички податоци, која е златен рудник на информации за земјите-членки на ЕУ и за други економии. Таа ги вклучува и предефинираните табели и деталните табели со податоци, при што Вие може да направите Ваш избор на податоци и да направите табели.
Базата на статистички податоци има сопствена алатка за пребарување што Ви помага да ги најдете сите збирови на податоци што го содржат Вашиот клучен збор(ови) во насловот или во описот на збирот на податоците.

 

 

 

Публикации

Description: ESDS_6-Publications

 Публикациите на Евростат се  организирани во збирки и се достапни онлајн, бесплатно, во формат PDF, додека хартиена верзија може да биде нарачана директно од Книжарницата на ЕУ и од мрежата на локалните продажни агенти.
Публикациите според област на веб-страницата на Евростат се достапни со селектирање на областа во делот Статистики и со следење на менито "Публикации" од лево.

 

 

 

Слободна регистрација

Description: ESDS_7-Registration

Како регистриран корисник на веб-страницата на Евростат, Вие може да добивате известувања по е-пошта што Ве интересираат и Ве информираат за нови публикации веднаш штом се тие онлајн и за подобрен функционален пристат до базите со податоци (измена на пребарувањето во стебло, преземање податоци со голем обем / bulk download).
За да се регистрирате и да се логирате, следете ја иконата за корисник (  ) при пребарувањето на веб-страницата.

 

 

 

Демо

Description: ESDS_8-DemoTours

Демо Ви покажува како да пребарувате низ страницата на Евростат и како да извлекувате податоци од различни бази со податоци на Евростат..

 

 

 

Корисничка поддршка

Description: ESDS_9-UserSupport

Ако не можете да ги пронајдете бараните информации на веб-страницата на Евростат или ако барате дополнителна информација, Ве молиме посетете ја страницата за корисничка поддршка. Корисничката поддршка на националниот јазик е управувана од Државниот завод за статистика на Република Македонија во блиска соработка со Евростат.
Корисничката поддршка обезбедува информации за тоа дали бараните податоци и информации за ЕУ се достапни и каде да ги најдете на веб-страницата на Евростат, помага при потврдувањето податоци, обезбедува дополнителни информации за методологијата и помага при решавање технички прашања.

Работно време на корисничката поддршка на македонски јазик:
(понеделник-петок) 9-15 ч.

Контакт:
Даме Груев 4, 1000 Скопје
Република Македонија
тел: +389 2 3295838
esds@stat.gov.mk

 

 

 

Квиз на Евростат 

Description: ESDS_10-Quiz

Тестирајте го своето знаење за европските податоци во девет статистички области со интерактивниот квиз на Евростат. Целта на играта е да дадете точен одговор за секоја статистичка областа за помалку од 7 минути. Преостанато време се додадава на целокупниот резултат.
Квизот нуди исцрпен поглед од различни аспекти на европските земји-членки и го тестира знаењето на учесникот за Европската унија.

 

 

 

Авторски права/Политика на лиценца

Description: Description: E:\Uporabniki\snuderlk\Konference_seminarji\Balkan\IPA_2009\18_UserSupport\Website\Template\Images\ESDS_11-Copyright.png

Освен ако е наведено поинаку, преземањето и репродукцијата на податоците/документите на Евростат за лична употреба или за натамошна некомерцијална или комерцијална дисеминација се дозволени само со одобрение и претходно наведување на Евростат како извор.
Ве молиме видете ги информациите за политиката на лиценца за различни производи на Евростат на страницата на Евростат.

 

Европски статистички систем (European Statistical System)

Европскиот статистички систем претставува партнерство меѓу надлежното статистичко тело на Заедницата, а тоа е Комисијата (Евростат) и националните статистички институти (НСИ), како и на други национални надлежни тела што се одговорни во секоја држава-членка за развојот, производството и дисеминацијата на европската статистика.
Државите-членки прибираат податоци и произведуваат статистика за националните и за целите на ЕУ. ЕСС функционира како мрежа во која улогата на Евростат е да го управува начинот на усогласувањето на статистиката во блиска соработка со националните надлежни статистички тела. Работата на ЕСС, главно, се фокусир на областа на политиката на ЕУ, но со проширувањето на политиката на ЕУ, усогласувањето се проширува речиси на сите статистички области.
Исто така, ЕСС ја координира работата со државите-кандидатки и на европско ниво со другите служби на Комисијата, на агенциите, на Европската централна банка и на меѓународните организации, како што се OECD, ОН, ММФ и Светската банка.

веб-страницата на ЕСС

 



© Државен завод за статистика