+A   |  -A
ппп: 600 | ввв: 216936
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Втор состанок на Управниот комитет на Твининг проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“
петок, 22 март 2013

 

Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа втората седница на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“.

Членовите на Управниот комитет го разгледаа и го усвоија нацрт-извештајот за реализираните активности и резултатите остварени во второто тримесечје од Проектот.

На оваа седница на Управниот комитет, покрај постојаните учесници и лидерите на проектот, г-ѓа Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, и г.Ринго Раупах, проект-лидер од Федералниот завод за статистика на Германија, присуствуваа и Нејзината Екселенција, г-ѓа Гудрун Штајнакер, амбасадор на Германија во Република Македонија и г. Родерих Егелер, претседател на Федералниот завод за статистика на Германија.


Линкови:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/index.htm


Проектот го финансира Европската унија

     




© Државен завод за статистика