Вчера, во просториите на Државниот завод за статистика се одржа средба на претставникот на Одделот за статистичка соработка на Еуростат, г-ѓа Клаудија Јункер, со директорката на Заводот, г-ѓа Благица Новковска, и со менаџерскиот тим на Заводот. На средбата се разговараше за Извештајот за напредокот на Државниот завод за статистика, како и за можностите и стратегијата за понатамошен развој на статистичката соработка. Исто така, стана збор и за можностите во иднина да се спроведе подетално оценување на одделни секторски статистики од страна на Евростат, како и за вклученоста на Државниот завод за статистика во креирањето на административниот регистар на населението.