+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Регионална работилница „Попис и политики за население“
вторник, 17 декември 2019

 

Во организација на Канцеларијата на Фондот за население на ОН (UNFPA)  и Платформата против сиромаштија, денес во Штип се одржа регионална работилница на која се дискутираше за потребата од Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија и за политиките за население низ призмата на Целите на одржлив развој како мерка за следење на напредокот на секоја земја. На Работилницата, директорот на Државниот завод за статистика, г.Апостол Симовски, ги презентираше досегашните подготовки за следниот Попис на населението, новитетите што се предлагаат во начинот на спроведувањето на Пописот, како и потребата од што побрзо донесување на Законот за Попис како предуслов за навремено завршување на сите фази од подготовките за оваа најмасовна статистичка операција.

Претставникот на Платформата против сиромаштија, г-ѓа Билјана Дуковска, ги објасни Целите за одржлив развој како алатка за следење и мерење на напредокот на земјата, но и потребата од Попис на населението заради креирање на добри и одржливи политики за населението.

Присутните на Работилницата – претставници на невладиниот сектор од Источниот регион, претставници на локалната самоуправа, граѓани, покажаа огромен интерес за темата и со своите дискусии ја потврдија важноста на оваа извонредно значајна статистичка операција чија успешност се рефлектира на целокупното општествено-економско живеење на Република Северна Македонија.

   




© Државен завод за статистика