+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Подготовки за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија
четврток, 28 ноември 2019

 

Во организација на Шведската агенција за меѓународна соработк и развој СИДА, денес почнува дводневниот семинар на тема „Подготовки за Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија“.

 На Семинарот учествуваат претставници од статистичките заводи на земјите од Регионот на Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Државниот завод за статистика, како домаќин на Семинарот, ќе ги претстави досегашните подготовки за следниот Попис во Северна Македонија, како и техниките за спроведување на оваа голема статистичка операција.

На Семинарот ќе бидат претставени и активностите на  земјите – учеснички на планот на подготовките за Попис и ќе бидат разменети мислења и искуства околу подготовките за оваа најголема статистичка операција.

Семинарот претставува продолжение на регионалната соработка на статистичките институции од Регионот и можност за споделување на спецификите во организацијата на Пописот на населението во секоја од земјите – учеснички.

 

   




© Државен завод за статистика