+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Работилница со граѓанскиот сектор од источниот дел на Северна Македонија
сабота, 16 ноември 2019

 

Во организација на Платформата против сиромаштија, а поддржано од Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Државниот завод за статистика, во Делчево се одржа Работилница посветена на Целите за одржлив развој и нивната поврзаност со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, како и тековните подготовки за претстојниот Попис.

Темата предизвика голем интерес кај граѓанските организации од источниот дел на државата и над 60 активисти зедоа учество во дискусијата која се покажа како многу конструктивна  и продуктивна.

Значењето на пописните податоци и нивната употреба при пресметувањето на индикаторите за одржлив развој  отвори богата дискусија од која произлегоа согледувања кои ќе бидат од корист и во подготовките за Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Соработката меѓу Платформата против сиромаштија, УНФПА и Државниот завод за статистика продолжува и понатаму со одржување на вакви работилници со граѓанскиот сектор кои овозможуваат промоција на активностите што се преземаат на планот на популационите политики и во согласност со Целите за одржлив развој.

 

 




© Државен завод за статистика