+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Втор состанок на Управниот комитет на ЕУ- проектот „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци“
петок, 27 септември 2019

 

Вчера во Скопје се одржа вториот состанок на Управниот комитет на ЕУ-проектот „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци“.

На состанокот учествуваа претставници на Конзорциумот на БИМ Консалтинг и Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, спроведувачи на проектот и претставници од Државниот завод за статистика, Народната банка, Министерството за финансии, Централниот регистар и Делегацијата на ЕУ.

Беше дискутиран првиот извештај и беа презентирани прогресот на проектот и плановите за следните шест месеци.

Преку видеоконференција, ММФ го презентира својот проект за владините финансиски статистики во Западен Балкан.

 




© Државен завод за статистика